четврток, 16 април 2026

АХВ: 1.221 претпразнични вонредни контроли, казни од 19 илјади евра

Парични казни од повеќе од 19 илјади евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на спроведените 1.221 вонредни контроли пред Велигденските празници.

Објавено на

часот

Сподели

Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. На депонијата Дрисла уништени беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца по потекло од соседна Србија, со што не се дозволи да се прошверцуваат во земјава.

За утврдените недоследности  со вонредните контроли (пласирање на пазарот храна со поминат рок на траење, употреба на замрзанато месо (триминг) во подготовки од месо, несоодветно означени производи и други недоследнсти), донесени се 35 решенија за нивно отстранување, изречени се и шест опомени.

Со контролите кои беа насочени кон сите сегменти од синџирот на храна и имаа за цел спречување на пласирање на небезбедни производи и сузбивање на нелегална трговија пред Велигденските празници, утврдено е и дека седум од објектите не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Три оператори немале извршено задолжителни здравствени прегледи за вработените лица и не ги исполнувале барањата во однос на  стручната подготовка за ракување со храна, а кај 13 оператори утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите за работа, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ