среда, 15 април 2026

„Центарски улици 4“: Уметност, музика и живи статуи на улица „Македонија“ во Скопје

На улица Македонија во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат организаторите, настанот ќе ја претвори улицата во жива сцена на отворено со учество на улични живи статуи од продукцијата Театроск, ликовни уметници (студенти од Универзитетот АУЕ – ФОН) кои ќе создаваат дела во живо, улични шоуа, DJ и музички настапи.

Главната цел е да се создаде простор за млади уметници со цел да ја презентираат својата уметност пред јавноста, да се поттикне нивниот развој и да се активира јавниот простор преку култура, стои во соопштението од „Театроск“.

Настанот е организиран од страна на Здружение на граѓани „Театроск“ од Скопје, поддржан од Општина Центар и е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година. Соработник е Универзитетот АУЕ – ФОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ