четврток, 16 април 2026

Судењето за трагедијата во Кочани продолжува денес со нови сведоштва

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Објавено на

часот

Сподели

На претходните рочишта сведоците на Обвинителството посочија на сериозни пропусти, недостиг на противпожарни апарати, празен хидрант и заклучена помошна врата, но и дека општина Кочани повеќе од една деценија немала инспектор за заштита и спасување.

Судењето за пожарот во „Пулс“ се наоѓа во фаза на доказна постапка. На претходното рочиште, одржано на 6 април, сведочеше Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар Карадаковски, кој пред судот изнесе тврдења дека син му бил назначен за управител „за да не пропадне лиценцата“ на објектот, без да ги знае вистинските одговорности.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска и се наоѓа во фаза на доказна постапка и продолжува со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ