Главна тема беше подготвеноста за претстојната сезона на пожари на отворено, за унапредувањето на цивилно-воената соработка, како и за улогата и перспективата на вештачката интелигенција во цивилната заштита.
Посебна сесија на овој меѓународен 56-ти состанок на директори за цивилна заштита беше посветена на зајакнувањето за соработка во рамки на европскиот Механизам за цивилна заштита и на соработката на земјите од Западен Балкан. Притоа, се разговараше за тековните ризици со коишто се соочуваат државите и за развој на националните капацитети за справување со истите. Во рамките на оваа сесија, се одржаа и посебни билатерални средби со претставниците на Директоратот за европски операции за цивилна заштита и хуманитарна помош на ЕУ (DG-ECHO).

Состанокот во Никозија го отвори министерот за внатрешни работи на Кипар, Константинос Јоану, кој од јануари до септември ова година претседава со Советот на Европа. Заедно со Ангелов е и Роберт Малезански, раководител на Одделението за специјализирани услуги со воздухоплови во ДЗС.






