среда, 15 април 2026

Ѓорческа со победа тргна на турнирот во Порторож

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа почна нов турнир, ја совлада шведската тенисерка Риналдо Персон со 2-1 во првото коло во Порторож, Словенија.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорческа лошо тргна во мечот против тенисерката која е за нешто повеќе од 50 позиции послаба од неа. Швеѓанката го доби првиот сет со 6-4.

Но, во продолжението од мечот Македонката покажа дека е подобра тенисерка, ги доби следните два сета со 6-3 и 6-2 и победи со 2-1 во сетови.

Во второто коло Ѓорческа ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Хрунчакова од Словачка и Заватска од Украина.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ