На веб-страницата на МОН се објавени кандидатите што се прифатени и рангирани во согласност со условите наведени во конкурсот во областа на природно-математички науки и инженерство и технологија и кандидатите што се прифатени и рангирани во согласност со конкурсите за општествени и хуманистички науки.
Објавен е и список на прифатени кандидати, чија тема на истражување е во корелација и соодветствува со целите и дефинираните приоритети во стратегијата за паметна специјализација со фокус на дигитална и зелена транзиција.






