Од граѓанската иницијатива реагираат дека и покрај протестите и јавниот притисок кон крајот на минатата година, кога палењата беа запрени, ситуацијата повторно се враќа на старо. Тие предупредуваат дека ова е последен апел до надлежните институции да преземат конкретни мерки.
„Доколку не се испочитува договореното и не му се стави целосен крај на загадувањето што го предизвикува Вардариште, а ваквите палења продолжат, нема да останеме мирни и ќе бидеме приморани повторно да активираме блокади“, велат од иницијативата.
Апелираат до институциите да реагираат итно и со највисок степен на сериозност, а од Министерството за внатрешни работи бараат повторно воспоставување полициско присуство на депонијата.
Граѓаните порачуваат дека нема да дозволат Вардариште повторно да го загадува Скопје.
Граѓанската иницијатива Стоп за Вардариште за приквечерниот пожар го алармираше Град Скопје, од каде што одговориле дека ќе испратат пожарникари.
Видео: Марко Џамбазоски






