среда, 15 април 2026

Екитике го пропушта Светското првенство, ќе се врати дури во 2027 година

Голем број на извори од Франција пренесуваат дека Уго Екитике го чека долга пауза поради повреда на Ахиловата тетива, напаѓачот ќе се врати на терените дури следната година.

Објавено на

часот

Сподели

Уго Екитике на носилки го напушти теренот на вчерашниот натпревар помеѓу Ливерпул и ПСЖ во Лигата на шампионите, се повреди без контакт со противник, па веднаш стана јасно дека е нешто сериозно.

Во исчекување на официјално соопштение од Ливерпул, голем број на извори од Франција објавија дека напаѓачот ја повредил Ахиловата тетива.

Без разлика дали е делумно или целосно кинење, процесот на рехабилитација ќе биде прилично долг.

Уго Екитике сигурно нема да настапи на Светското првенство, и не само тоа, се очекува тој да се врати на терените дури во 2027 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ