петок, 17 април 2026

Ракометните надежи доаѓаат во Скопје, нашата делегација го претстави настанот

На крајот на месецов во Скопје ќе се одржи Светското првенство во училишен ракомет.

Објавено на

часот

Сподели

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше одржана прес-конференција по повод настанот.

Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, ја истакна важноста на настанот.

Ова Светско првенство е голема чест за ракометот и спортот, но и за училишниот спорт и за младите деца. Голем предизвик, 23 селекции треба да допатуваат во Скопје во машка и женска конкуренција“, изјави првиот човек на мак-ракометот.

Претседателката на Федерацијата за училиштен спорт, Елена Мицковска, даде подетално обраќање:

Во пресрет сме на долго очекувано Светското првенство кое ќе се организира во Скопје од 20 до 29 април, отварањето е закажано за 21 април на плоштадот Македонија, ќе учествуват 700 учесници, ракометари и ракоматарки, да ги поддржиме сите. На отварањето најавуваме дефиле. Ова е во интерес на град Скопје, размена на култури и вредности, сите ќе си заминат со нови пријателства. Благодарност до министерот за спорт Борко Ристовски за безрезервната поддршка, и до РФМ за техничката поддршка за да ракометарите и ркометарките блеснат во најдобро светло. Би сакала да освоиме медал. Благодарност и до престедателот на ИФС Жељко Танасковиќ што ни ја довери оваа организација. Децата треба веруват дека се на вистински пат во она што работат, дека се амбасадори на спортот“, изјави Мицковска.

Пред јавноста се обрати и министерот за спорт, Борко Ристовски

Како држава и Министерство во соработка со РФМ и федерацијата за училишен спорт, ќе се заложуваме вакви настани да бидат што поприсутни кај нас, ова е и промоција на државата. Сите дечиња кои се на почетокот на кариерата, ќе имаат можност пред поширок аудиториум да се презентираат и тоа е одлично за нив. Честитки до сите, сигурен сум дека подготвени ќе го дочекаме овој настан, не оставаме ништо на случајност“, посочи Ристовски.

Шеф на делегацијата на Македонија ќе биде Индира Кастратовиќ, која изјави:

Голема благодарност што ќе бидам од ваков голем настан, за мене е голема чест, но и голема одговорност за што подобро да претставиме нашата држава. Скопје ќе биде град на спортот, сите деца ќе имааат нови пријателства и ќе добијат големо искуство. Се надевам дека ќе имаме голем успех, дека нашите репрезентации ќе се покажат во добро светло“.

Светското првенство во училишен ракомет ќе се одржи од 20 до 29 април во Скопје, со учество на 23 земји, а натпреварите ќе се играат во шест училишни сали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ