петок, 17 април 2026

Судан во четврта година војна: земја на глад, раселување и заборав

Судан влегува во четвртата година од војната меѓу војската и паравоените сили, пишува Асошиејтед прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Борбите турнаа многу луѓе во глад, предизвикаа огромна криза со раселување, а на повеќе од 30 милиони луѓе им е потребна хуманитарна помош. Двете страни се обвинети за извршување злосторства како етничко чистење, вонсудски убиства и сексуално насилство врз цивили.

Еве поглед на војната низ бројки:

59.000

Најмалку толку луѓе се убиени, според Податоците за локации и настани при оружени конфликти, односно АЦЛЕД. Хуманитарните организации велат дека вистинскиот број може да е многу поголем бидејќи пристапот до областите на борби низ огромната земја останува ограничен.

11.000

Бројот на исчезнати лица во текот на војната, според Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

4,5 милиони

Приближно толку луѓе избегале од земјата во места како Египет, Јужен Судан, Либија и Чад.

9 милиони

Приближно толку луѓе остануваат раселени во Судан.

19 милиони

Над таа бројка луѓе се соочуваат со акутен глад, според Светската програма за храна.

24%

Ова е износот за кој цените на горивото пораснале во Судан откако ескалираше конфликтот на Блискиот Исток.

354

Ова е бројот на народните кујни што се затвориле во последните шест месеци, откако обезбедувале спас за милиони луѓе, според организацијата Исламик рилиф.

Повеќе од 4.300

Приближно толку деца се убиени или осакатени во војната, според УНИЦЕФ.

8 милиони

Најмалку толку деца сè уште не одат на училиште, според УНИЦЕФ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ