петок, 17 април 2026

Официјално: Замената за Тајник во Еурофарм Пелистер е нов Словенец

Сè уште актуелниот првак на Македонија, Еурофарм Пелистер се пофали со ново име за следната сезона.

Објавено на

часот

Сподели

И по заминувањето на Домен Тајник играта на пелистерци ќе ја организира словенечки среден бек, а тоа ќе биде Миха Котар. Се работи за 27-годишник кој доаѓа во редовите на битолчани од српскиот првак Партизан.

Котар во својата кариера настапуваше за Тримо Требње, Словењ Градец и Партизан, чиј член беше во претходните две сезои.

Се очекува словенечкиот организатор на играта да му се приклучи на Еурофарм Пелистер на стартот на подготовките за новата сезона во јули. И покрај ангажманот на Котар, од таборот на пелистерци најавија уште едно засилување на оваа позиција во следниот период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ