среда, 15 април 2026

Инфантино поради Трамп може да падне од функцијата

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино има голема поддршка од американскиот претседател, Доналд Трамп, а тоа не им се допаѓа на многу други земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во пресрет на Мундијалот, Инфантино е често во присуство на Трамп и се верува дека е под влијание на американскиот претседател.

А како големи проблематични теми пред Светското првенство беа високите цени на билетите и евентуалното учество или неучество на Иран кој има изборено пласман.

Инфантино секогаш ја фаќаше страната на Трамп за клучните теми, а не на фудбалските фанови.

Ваквото негово однесување може да го чини претседателската функција.

Изборите за претседател на ФИФА се одлучуваат со гласање на сите земји членки, а впечаток е дека Инфантино го губи мнозинството поради неговиот добар однос со Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ