сабота, 30 мај 2026

Стоилковиќ: Посетата на Кина по една деценија отвора ново поглавје во соработката

На 7. средба на локални лидери Кина–Централна и Источна Европа и на Меѓународната конференција за соработка на збратимени градови на Шандонг 2026 во Џинан, во кинеската провинција Шандонг, заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, разговараше со новинарката Џанг Менг од CGTN. Ова е прва официјална посета на високо ниво од Македонија на Кина по една деценија.

Објавено на

часот

Сподели

Стоилковиќ истакна дека Кина има навистина важно место во светската историја, и во минатото и денес. Тој рече дека достигнувањата на Кина во науката и технологијата во последните две децении предизвикале големо восхитување кај граѓаните на Македонија.

Говорејќи во Шандонг, родното место на Конфучие, тој го цитираше големиот филозоф: „Вистинскиот човек им помага на другите да застанат цврсто кога сакаат да застанат цврсто и им помага да успеат кога сакаат да успеат.“

Според него, развојот на Кина не е од корист само за самата земја, туку ја одразува и подготвеноста за споделување искуства и заеднички напредок со другите држави. Македонија очекува преку соработката со Кина да оствари уште повеќе развојни цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ