Сантамариа беше еден од клучните столбови на „кралскиот клуб“ во златната ера, освојувајќи бројни трофеи, меѓу кои и неколку европски титули, а поради својата цврстина во одбраната го носеше прекарот „Ѕид“. Смртта ја потврди и Реал кој испрати порака.
„Длабоко жалиме за смртта на една од најголемите легенди на нашиот клуб и светскиот фудбал. Сантамариа одигра 337 натпревари за Реал и беше дел од легендарниот тим кој ги освои првите три изданија на Купот на европските шампиони“.
Интересно е што Хозе Емилио Сантамариа настапуваше за две репрезентации, Уругвај и Шпанија, а по кариерата работеше и како тренер, оставајќи белег и од клупата.
Hasta siempre, Santamaría. pic.twitter.com/DE2lla6mr5
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) April 15, 2026






