среда, 15 април 2026

Луис Енрике: Реал или Баерн? Ќе ги гледам со добро, ладно пиво

ПСЖ со две победи од по 2-0 го мина Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампионите и вечерва ќе го дознае противникот за полуфиналето, тоа ќе биде еден од Баерн или Реал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Баерн Минхен е чекор поблиску од Реал Мадрид до четирите најдобри со оглед на тоа што победи со 2-1 во првиот меч кој се играше на Бернабеу и вечерва со предност ќе го почне дуелот на Алијанц арената.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике не преферира ниту еден противник.

„Реал или Баерн? Секогаш кога ќе посакам еден противник, мораме да играме против другиот. Затоа вечерва во Париз ќе се опуштам и ќе го гледам мечот пиејќи добро, ладно пиво“, рече Луис Енрике.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ