Почетните минути од натпреварот им припаднаа на гостите од Битола кои во тие моменти ја имаа предноста која најмногу одеше до два гола разлика.
Алкалоид ја преземе контролата во вториот дел од полувремето, а најмногу се „одлепи“ со серијата од 5-0 при резултат 15-14 кога поведе со шест разлика. Со тие шест разлика домаќините заминаа и на пауза на семафорот стоеше 22-16.
На почетокот од второто полувреме домаќините стигнаа и до највисоките во натпреварот „плус осум“ (25-17). Но, тука Пелистер како да се разбуди и почна полека да се враќа во мечот.
Со неколку мини серии од два-три гола разлика, битолчани во завршните десет минути стигнаа по подолго време до изранување 29-29, па така дуелот влезе во неизвесна завршница.
Во последните минути ниту една екипа не успеваше да побегне за сигурен финиш, па победникот се решаваше буквално во послоедните моменти. Клучниот момент се случи на 40-тина секунди до крајот кога по одбраната на Митревски, Атанасијевиќ погоди за 35-33.
Најефикасен во редовите на Пелистер беше Дејан Манасков со седум гола, Кузмановски додаде шест, додека на спротивната страна Дамјан Митев броеше до седум, шест постигна Ненад Костески.
Никола Митревски на голот на битолчани собра шест интервенции, три повеќе на спротивната страна Галевски.
По овој триумф Пелистер се израмни со Охрид со по 44 бода на втората и третата позиција, Алкалоид остана на 40, додека Вардар на врвот е со 52.






