вторник, 14 април 2026

ЕХФ ги суспендира Начевски и Николов, виновни се за манипулација на фитнес тест

Европска ракометна федерација – ЕХФ преку својот Суд за ракомет донесе одлука во случајот против Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Објавено на

часот

Сподели

Постапката беше отворена по сомнежи за манипулација со видео снимки од задолжителен фитнес тест, а по деталната анализа утврдено е дека спорните материјали навистина биле изменети.

Македонските судии беа повлечени од арбитража на Европското првенство оваа година, а сега ја добија и одлуката. Ракометниот суд им изрече суспензија од две години, период во кој нема да смеат да извршуваат никаква функција во рамки на ЕХФ.

Покрај суспензијата, Начевски и Николов ќе треба да платат и парична казна од по 5.000 евра поради сериозно прекршување на Кодексот на однесување. Одлуката не е конечна, бидејќи постои можност за жалба до Апелацискиот суд на ЕХФ во рок од седум дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ