вторник, 14 април 2026

ЗНМ и ССНМ против Филипче: Политичарите да не користат понижувачки јазик кон новинарите

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници реагираат по денешната јавна изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упатена кон новинар од ТВ Алфа.

Објавено на

часот

Сподели

„Сметаме дека е недозволиво и непримерно за претседател на политичка партија јавно да упатува тешки обвинувања за корупција проследена со реторика на дискредитирање кон новинари и медиуми. Oва не е изолиран случај, туку загрижувачка пракса во која политички субјекти сè почесто се обидуваат да поттикнат кампањи и наративи за оцрнување кон поединечни новинари и редакции“, стои во денешното соопштение на ЗНМ И ССНМ.

„Медиумите не смеат да се користат како средство во партиска политичка пресметка. Префрлањето вина кон новинари и редакции, како и нивно јавно етикетирање, не е демократски однос кон слободата на изразување и улогата на медиумите во општеството.

Доколку било кој чинител во општеството има сериозни сомнежи за незаконитости пропусти за работењето на поедини медиуми, тие треба да се адресираат пред надлежните институции и преку законски процедури, а не преку јавни политички кампањи против конкретни новинари и медиуми.

Во спротивно, политичките чинители ја намалуваат довербата кон медиумите преку своите вакви постапки, а тоа не е во духот на вредностите за кои треба да се залагаат. Ги повикуваме сите политички партии во иднина да се воздржат од јавни изјави што можат да поттикнат притисок, дискредитација или недоверба кон новинарите и медиумските работници.

Меѓународните стандарди јасно укажуваат дека политичарите и јавните функционери треба да покажат повисоко ниво на толеранција кон медиумско известување и да не користат понижувачки јазик кон новинарите.

ЗНМ и ССНМ ќе продолжат внимателно да ги следат ваквите случаи и јавно да реагираат секогаш кога новинари и медиуми ќе бидат изложени на политички притисок или јавно таргетирање“, се вели во реакцијата на овие здруженија.

Одговарајќи на новинарско прашање за етикетирање на медиумите, Филипче истакна дека паниката кај одредени куќи доаѓа по промената на власта во Унгарија и најавите на новиот унгарски премиер за испитување на бизнис-релациите на Виктор Орбан во регионот.

„Вие сте од ТВ Алфа и малку паника ве фаќа сега кога газдата изгуби власт. Сега се прашувате кој ќе ве финансира за вашите црни кампањи, за вашите лажни кампањи, за вашите кампањи со кои го нарушувате угледот на членови на опозицијата и на мене лично и за тоа прашање ќе се обратите кај Христијан Мицкоски“, рече Филипче на денешната конференција за медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ