На денешното рочиште се појави обвинителот Кристијан Смилевски. Тој денеска изјави дека го проучил предметот и се надева дека ќе го заврши пред да застари, на крајот на август.
Денешното рочиште се одложи откако по трет пат не дојде сведокот на одбраната, поранешниот владин генерален секретар Кирил Божиновски. Тој бил на фамилијарно патување, за што адвокатот на Груевски достави авионски карти како доказ дека Божиновски не е во земјава.






