вторник, 28 јули 2026

Иран обеси двајца демонстранти осудени за убиство на четворица полицајци

Иран денеска погуби двајца мажи осудени за убиство на четворица полицајци за време на протестите во јануари, објавија државните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Порталот мизанонлајн.ир, поврзан со иранското правосудство, објави дека со бесење биле погубени Аболфазл Сепахи Баџани и Амир Хосеин Сафари Хосеинабади. Според властите, освен за убиството на четворицата полицајци, тие биле осудени и за палење полициска станица и уништување јавен имот во градот Исфахан, околу 400 километри јужно од Техеран.

Тие двајца се последните од десетиците илјади лица уапсени за време на јануарското задушување на протестите низ целата земја кои се погубени. Организациите за човекови права предупредуваат дека и други уапсени демонстранти би можеле да бидат осудени на смрт.

Безбедносните сили насилно ги задушија протестите кои зафатија голем дел од земјата. Иран претходно овој месец во истиот случај погуби уште двајца мажи.

Иранските власти тврдат дека за време на протестите загинале повеќе од 3.000 луѓе, додека активистите за човекови права проценуваат дека бројот на загинатите е поголем од 7.000.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ