„Постои класификација на водата од прва до петта категорија. Водата од прва категорија е погодна за лична употреба без третман, додека кај петтата категорија со ниту еден третман не може да ја оспособите за каква било употреба, вклучително и за наводнување во земјоделството. Според експертите за хигиена, вода за употреба е онаа што може да се консумира, односно да се внесе во дигестивниот тракт, вклучително и преку храна, како миење салати, а нетермичка обработка на храна претставува ризик. Се што е надвор од тоа може да се употребува за лична хигиена и за други цели“, рече Клековски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата по повод актуелната епидемиолошка состојба.
Toj појасни дека за сите останати намени, како лична хигиена и други технички потреби, водата може да се користи.
„Значи, она што вчера беше искомуницирано од Управувачкиот комитет е дека водата во моментов може да се користи за други цели освен да се внесува во телото и да се користи за третман на храна која не е термички обработена“, потенцира Клековски.
Во врска со тоа дали таа вода може да се користи за наводнување, рече дека со вода од водовод не би требало да се врши наводнување.





