вторник, 28 јули 2026

Црногорец ќе ја води женската репрезентација на Македонија

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) назначи нов селектор за женската сениорска репрезентација, тоа е Црногорецот, Игор Марковиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Марковиќ е поранешен селектор на младинските категории на Црна Гора кој со младинската селекција на оваа земја стигна до историското шесто место на Европското првенство во 2023 година, резултат со кој стигна да настапи и на Мундијал.

Најголемиот успех го направи на Светското првенство оваа година кога репрезентацијата до 20 години во Кина ја предводеше до одличното петто со што го постигна еден од најголемите успеси во женскиот ракомет во Црна Гора.

„Чест и големо задоволство ми е што ја добив довербата да бидам селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија. Се надевам дека со посветена работа, максимална пожртвуваност и заеднички труд ќе успееме од ден на ден да бидеме се подобри. Пред нас е Европското првенство, а претходно не очекува подготвителен период во кој ќе работиме напорно за да изградиме силен тим. Верувам во добра соработка, добро здравје на сите ракометарки и заеднички успеси со кои достојно ќе ја претставуваме Македонија“, изјави Марковиќ на претставувањето.

Задоволство истакна и првиот човек на Ракометната федерација, Александар Стефанов.

„Со големо задоволство го поздравуваме доаѓањето на Игор Марковиќ на селекторската позиција на женската сениорска репрезентација на Македонија. Станува збор за тренер кој зад себе има богато играчко и тренерско искуство, а неговите резултати и професионален пристап се потврда за неговите квалитети.

Пред нас е исклучително важен период – не очекуваат настапите на Трофеј Македонија, како и подготовките за претстојното Европско првенство. Верувам дека заедно со стручниот штаб и ракометарките ќе изградат силен и конкурентен тим кој достојно ќе ја претставува Македонија на меѓународната сцена.

На Игор Марковиќ му посакувам успешна работа,среќа и заеднички да се радуваме на нови успеси на женската сениорска репрезентација на Македонија“, порача Стефанов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ