вторник, 28 јули 2026

Силен земјотрес во Јапонија, срушени куќи, оштетени мостови, експлозија во трговски центар (ВИДЕО)

Силен земјотрес денеска го погоди југозападниот дел на Јапонија, при што се урнаа бројни објекти, избувнаа пожари, а најмалку 50 луѓе завршиле во болница, објави јапонската телевизија НХК.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Земјотресот го погодил подрачјето во 16:27 часот по локално време. Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 7,1. Американскиот геолошки завод (УСГС) ја процени магнитудата на 6,8.

Премиерката Санае Такаичи потврди дека земјотресот предизвикал голема материјална штета и дека властите сè уште ги проценуваат размерите на катастрофата.

Снимките што ги објави НХК прикажуваат повеќе пожари, оштетени мостови, товарен воз кој излетал од шините и испукани патишта на островот Кјушу. Телевизијата наведува дека се урнале најмалку 12 куќи. Повеќе луѓе останале заробени во трговскиот центар Аеон во Кумамото, откако објектот бил погоден од експлозија што се случила по земјотресот.

Полицијата стравува дека исчезнале меѓу 20 и 30 вработени во трговскиот центар Аеон мол Кумамото, објави НХК, повикувајќи се на јапонската Национална полициска агенција.

Според полициски извори, со вработените е изгубен контакт, а службите за итни случаи се обидуваат да утврдат дали некој останал заробен во објектот.

НХК претходно објави дека вработените во трговскиот центар ги евакуирале купувачите од објектот пред да одекне експлозијата.

Повеќе лица се водат како исчезнати откако во фабрика во Кумамото се урнал оџак, објави јапонската телевизија НХК.

Несреќата се случила во фабриката Јацууширо на компанијата Нипон пејпер индустрис, еден од најголемите индустриски погони во тој регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ