вторник, 28 јули 2026

Игор Џамбазов е добитник на наградата „Васил Иљоски“ за 2026 година

Актерот, писател и музичар Игор Џамбазов е годинашниот добитник на престижната награда „Васил Иљоски“, што Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ја доделува за особен придонес во театарската уметност.

Објавено на

часот

Сподели

„Со особена чест и задоволство, Фестивалот и Советот на фестивалот „Денови на комедија 2026“ ја доделуваат престижната награда ‘Васил Иљоски’ на Игор Џамбазов, истакнат актер, писател, музичар и еден од најпрепознатливите уметници на македонската сцена“, изјави директорката на установата, Јоана Сарафимовска.

Од Центарот за култура наведуваат дека исклучителната актерска дарба на Џамбазов, неговиот препознатлив хумор и повеќедеценискиот придонес во театарската и културната уметност оставиле неизбришлива трага кај публиката, поради што заслужено се вбројува меѓу најзначајните имиња на македонската комедија.

Свеченото врачување на наградата ќе се одржи на 23 септември 2026 година, на отворањето на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, во големата сала на Центарот за култура во Куманово.

Добитници на наградата „Васил Иљоски“ во изминатите години беа Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Андов, Илија Струмениковски, Стојна Костовска, Благоја Чоревски, Коле Ангеловски, Сашко Коцев и Весна Петрушевска. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ