Клубот денеска и официјално го потврди назначувањето на Тренчовски кој стави потпис на едногодишна соработка.
Тренчовски имаше успешна сезона во Радомље каде остави многу позитивен впечаток и беше препорака за големата Олимпија.
По потпишувањето на договорот, Тренчовски не го криеше задоволството од новиот предизвик.
„Ова е голем предизвик за мене, можеби и најголемиот во мојата тренерска кариера досега. Работата во најголемиот словенечки клуб е огромна чест. Кога Олимпија ќе ве повика, би пешачеле од Македонија само за да стигнете тука. Знам каков потенцијал има овој тим и колку е добро организиран. Олимпија секогаш мора да се бори за титули. Сакам да играме доминантен, брз и напаѓачки фудбал и да постигнуваме што повеќе голови“, изјави Тренчовски.
Македонскиот стратег најави дека ќе остане доследен на својата филозофија и во Олимпија, со посебен акцент на развојот на младите фудбалери.
„Сакам играчите да не се плашат од грешки. Очекувам самодоверба, храброст и решителност на теренот. Со нетрпение ја очекувам работата во новата средина“, додаде новиот тренер на „змејовите“.
Ангажманот во Олимпија претставува најголемиот клупски предизвик во кариерата на Тренчовски, кој сега ќе има задача да го задржи словенечкиот гигант во борбата за шампионската титула и што подобар настап на европската сцена.





