вторник, 28 јули 2026

Пожарот над Прилеп е изгаснат, се контролира пожарот во Долненско

Изгаснат е пожарот над Прилеп Кај Варош и месноста Заград, а теренот се контролира. Нема никаква опасност за манастирот Трескавец.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарот е под целосна контрола и сите пламени се изгаснати. Оставена е само екипа од шест пожарникари на ТППЕ-Прилеп со две возила да го контролира теренот“, вели Јован Аврамоски, инспектор по заштита и спасување во ДЗС.

Со овој пожар во карпестиот дел каде повеќе од еден ден гореше сува трева и ниска вегетација се справуваа пожарникарите и надлежните. Нема никаква пријава за материјална штета.

Што се однесува до општина Долнени,  во моментов има пожар и гори трска кај старите рибници кај долненското село Сарандиново, но нема опасност за објекти.

„Пожарот е спречен да зафати живинарска фарма и сега целосно се контролира. На теренот е екипа од четворица пожарникари со две возила“, објаснува Аврамоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ