вторник, 28 јули 2026

Активирани авионите на ДЗС, го гасат пожарот кај велешки Дорутовец

Денеска, попладне, избувна пожар во велешката месност Дорутовец, по бензинската станица на Макпетрол, пред влезот во Велес, од десната страна на патот гледано во насока кон градот, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Објавено на

часот

Сподели

„Поради ветрот и опасноста пожарот да се прошири, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, активираше два авиона ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во моментот, на терен се пожарникарите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес коишто дејствуваат со две ПП возила и шест нивни припадници“, се наведува во соопштението на ДЗС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ