вторник, 14 април 2026

Вечерва во КИЦ во Скопје премиера на театарската претстава „Знаме и куфер“

Театарската претстава „Знаме и куфер“ вечер премиерно ќе биде изведена во Салон 19:19 при ЈУ „Културно информативен центар“ во Скопје. Станува збор за нова продукција на „Театар за тебе“.

Објавено на

часот

Сподели

Текстот и режијата се на Изабела Јакимова, а во претставата настапуваат Ненад Митевски и Изабела Јакимова. Гласовите се на Гоце Андонов, Сара Томевска и Михаил Велков.

„Знаме и куфер“ е авторска современа дуодрама со изразен комичен и сатиричен тон, која преку интимната приказна на еден љубовен пар ја отвора болната и актуелна тема на политичката поделеност, егзистенцијалната несигурност и миграцијата.

Претставата го следи односот меѓу Марина и Петар – двајца млади луѓе, партнери и идеолошки спротивставени „соборци“, кои по изборите се соочуваат со прашањето: да се остане и трпи или да се замине и започне одново? Низ динамични дијалози исполнети со црн хумор, сарказам и препознатлива балканска реалност, претставата ја расклопува иронијата на патриотизмот, клиентелизмот, партиската припадност и лажните ветувања, поставувајќи ги ликовите меѓу знамето (идентитетот, припадноста) и куферот (заминувањето, надежта за подобар живот).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ