вторник, 14 април 2026

МВР: Засилени радарски контроли низ целата држава

Министерството за внатрешни работи оваа недела спроведува засилени радарски контроли на патиштата низ целата држава, во рамки на координирана европска акција за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на прекршоците поврзани со брзото возење, информираат од министертвото.

Објавено на

часот

Сподели

Според најавите, контролите ќе се одвиваат во текот на целата недела, при што сообраќајната полиција ќе биде присутна на клучни патни правци, градски улици и регионални патишта, со посебен фокус на делниците каде што претходно се регистрирани зголемен број прекршоци и сообраќајни незгоди.

Од МВР наведуваат дека акцијата е дел од поширока европска иницијатива во која учествуваат сите членки на мрежата ROADPOL, со цел да се влијае врз свеста на возачите и да се намали бројот на сообраќајни несреќи предизвикани од неприлагодена брзина.

Во рамки на контролите ќе се користат радарски уреди, патроли и мобилни екипи, а посебен акцент ќе биде ставен и на превентивниот карактер на акцијата, при што дел од локациите за мерење брзина се однапред објавени за возачите.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ограничувањата на брзината и сообраќајните правила, нагласувајќи дека целта на засилените контроли не е казнување, туку зголемување на безбедноста и заштита на животите на патиштата“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ