57 лица биле приведени за безобѕирно управување на возило, од нив шестмина за возење под дејство на алкохол, 23 за возење без возачка дозвола, четири поради претходно изречена забрана за управување на возило. Во итиот период одземени се 22 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Во текот продолжениот празничен викенд евидентирани се 164 прекршоци за неправилно паркирање, како и 26 санкции за возење под дејство на алкохол.
Санкционирани биле и 19 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, 119 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас, 20 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а пет заради техничка неисправност. Санкционирани се и 10 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.






