вторник, 14 април 2026

Организирале продажба на дрога во затворот во Штип, двајцата соучесници добија кривична пријава

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С.(30) и А.М.Џ.(30), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Објавено на

часот

Сподели

На почетокот на мај 2025 година, додека бил на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Штип, првопријавениот С.С. телефонски организирал второпријавената да му носи дрога за продажба во затворот. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и разни таблети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ