недела, 31 мај 2026

Забелешките на Групацијата за производство на цигари станаа дел од предлог-законот за пушење

Нагласуваме дека цврсто ги поддржуваме заложбите за засилување на заштитата на малолетните лица, вклучително и ограничувањето на пристапот, продажбата и употребата на тутунски и сродни производи од нивна страна – принцип кој и самите секојдневно го применуваме во нашето работење преку конкретни механизми и програми. Ова се вели во изјавата на Групацијата за производство на цигари при Стопанската комора на Македонија за предлог-законот за заштита од употреба на тутунски производи или сродни производи.

 

Објавено на

часот

Сподели

Групацијата за производство на цигари, во рамките на Здружението на производители на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија, го цени фактот што во текот на подготовката на предлог-законот за заштита од употреба на тутунски производи и сродни производи беше овозможена инклузивна комуникација со предлагачот на законското решение, при што дел од доставените забелешки, ставови и укажувања на деловната заедница беа земени предвид.

„Го поддржуваме носењето на балансирани регулаторни решенија кои овозможуваат одржливост, препознатливост и диференцијација меѓу различните традиционални и нови тутунски производи, преку сите нивни специфики. Регулацијата на новите производи и понатаму треба да остане во фокусот на идната регулатива и нашата понатамошна соработка, каде ја нудиме целосната експертиза како мултинационални компании со светско искуство.

Во разговорите укажавме дека согласно нашите искуства, прекумерната регулација може да резултира со раст на нелегалната трговија и во овој контекст треба да се разгледуваат позитивните искуства на дел од земјите членки на Европската Унија. Стоиме на ставот дека сè уште има многу области каде што може и треба да продолжи конструктивниот дијалог меѓу сите засегнати страни, со цел соодветно регулирање на отворените прашања во регулаторната рамка и изнаоѓање решенија кои ќе обезбедат соодветен баланс помеѓу јавно-здравствените приоритети, економската одржливост и усогласеноста со современите европски практики“, се вели во изјавата на Групацијата за производство на цигари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ