Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 25 до 34 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.






