Покрај нив, во акцијата која има за цел зачувување на природните вредности и подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, се очекува вклучување и на голем број волонтери, граѓани, еколошки активисти и љубители на природата.

Преку работа на терен, учесниците ќе испратат порака дека грижата за природата е заедничка одговорност, а не само задача на институциите.
Организаторите нуркачкиот клуб „Езерски Пулс“ и клубот „Скаут“, упатуваат отворен повик до сите заинтересирани граѓани, нуркачи, спортски клубови и млади луѓе да се приклучат и да дадат свој придонес во оваа еколошка акција.
„Заедно создаваме почисто Охридско Езеро – затоа што природата што ја имаме денес ја оставаме на генерациите утре“, порачуваат организаторите.






