вторник, 14 април 2026

Шефот на француската дипломатија: Со поразот на Орбан, Путин го изгуби својот тројански коњ во ЕУ

Шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро денес изјави дека со поразот на Виктор Орбан на парламентарните избори во Унгарија рускиот претседател Владимир Путин го губи својот тројански коњ во Европската Унија, објави парискиот весник Фигаро.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Откако се врати на чело на владата во 2010 година, Орбан постојано се судира со Европската комисија, која го обвинува дека повеќе не ги почитува договорите кои Унгарија ги потпиша кога се приклучи на Унијата во 2004 година.

„Путин го губи својот тројански коњ во Европската Унија со поразот на Виктор Орбан во Унгарија“, кажа Баро, повикувајќи го наследникот на Орбан да го укине ветото на Унгарија за помошта за Украина.

Баро додаде дека она што се очекува од новиот унгарски премиер Петер Маѓар е да го стори она што кажа дека ќе го стори, да ги врати бројните столбови на владеењето на правото што Орбан ги соголи, да ѝ помогне на Унгарија да го врати своето место меѓу европските нации и да ги укине бројните забрани (вета) кои, според него, беа употребени без никакво оправдување.

Француските медиуми потсетија на аферата на шефот на унгарската дипломатија во заминување Петер Сијарто и неговите телефонски разговори со неговиот руски колега Сергеј Лавров по средбите во Брисел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ