среда, 15 април 2026

ИАЕА: Северна Кореја забрзано работи на нуклеарно оружје

Северна Кореја значително ги зголемила своите капацитети за производство на нуклеарно оружје, изјави денес генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на агенцијата на Обединетите нации за нуклеарна енергија потврди брз пораст на активностите во реакторот од пет мегавати, постројката за преработка, лесноводниот реактор и другите објекти во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон, додавајќи дека нуклеарниот арсенал на земјата се проценува на неколку десетици боеви глави.

Северна Кореја во средината на минатата недела испука повеќе балистички проектили кон морето покрај своето источно крајбрежје, соопшти тогаш јужнокорејската војска, што дополнително ги намали надежите на Сеул за намалување на тензиите.

Здружениот генералштаб на јужнокорејската војска наведе дека неидентификуваните проектили биле лансирани на 8 април околу 8:50 часот наутро од подрачје во близина на Вонсан, на источниот брег на Северна Кореја.

Проектилите прелетале околу 240 километри, а јужнокорејските и американските власти најавија детална анализа на лансирањата. Јужна Кореја исто така соопшти дека и еден ден претходно бил забележан сомнителен балистички проектил од подрачје близу Пјонгјанг.

Претседателскиот кабинет во Сеул свика итна седница на Советот за национална безбедност, оценувајќи ги лансирањата како провокација и прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации, и го повика Пјонгјанг да престане со таквите тестови, а реагираше и Јапонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ