„Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија и тарифниот систем за продажба на топлинска енергија од утре па се до крајот на месецот, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, согласно добиените податоци од Управата за хидрометеоролошки работи снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степен Целзиусов“, соопшти РКЕ.
Грејната сезона во Скопје за корисниците кои се приклучени на системот за парно греење започнува на 15 октомври и трае до 15 април.






