Атлетико Мадрид и Барса имаа вистинска борба на теренот, машка и груба игра од двете страни, еден црвен картон и три гола беа постигнати.
Барса тргна фуриозно, во четвртата минута Ламин Јамал погоди за водство од 1-0, а 20 минути подоцна гол даде и Торес за 2-0. Гостите ја анулираа негативата од првиот меч.
Но, во 31. минута погоди Лукман за 1-2, на Барса пак ѝ требаше гол за да го изедначи конечниот резултат.
Погодок постигна Торес по десет минути игра во вториот дел, но му беше поништен поради офсајд од ВАР.
Во 79. минута работите станаа потешки за Барса, Ерик Гарсија доби црвен картон поради старт како последен играч.
Со фудбалер повеќе Атлетико Мадрид се одбрани и славеше пласман во полуфинале.
ПСЖ уште еднаш го победи Ливерпул со 2-0, овојпат на Енфилд и со вкупни 4-0 оди во полуфинале.
Дембеле беше стрелец и на двата гола за францускиот тим. Погоди во 72. минута за 1-0, а во судиското продолжение ги постави конечните 2-0 за ПСЖ.






