петок, 17 април 2026

Со вакви потези тешко дека ќе добие повик од Анчелоти за СП – погледнете што направи Нејмар! (ВИДЕО)

Нејмар беше во центарот на вниманието на мечот меѓу Сантос и Депортиво Реколета кој заврши 1-1, фудбалерот најпрво имаше едно големо промашување, а по крајот на натпреварот влезе во конфликт со фановите.

Објавено на

часот

Сподели

Голманот на противникот направи грешка, а Нејмар наместо да додаде до соиграчите кои беа во подобра позиција, тој се обиде фраерски да лобува. Неговиот удар заврши крај голот.

На крајот Сантос не успеа да го добие мечот, а фановите удрија по Нејмар. Тој влезе во конфликт со навивачите на својот клуб. Според извештаите, тој дури и навредил еден навивач на сметка на неговиот физички изглед (дебелина), по што иронично му се обратил дека му дава „пет минути слава“, видно изнервиран од ситуацијата.

Со ваквото арогантно однесување и лошите потези на теренот, тешко дека ќе го убеди Анчелоти да го врати во репрезентацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ