петок, 17 април 2026

Се враќаат американските санкции на руската нафта

Русија ја намали важноста на повторното воведување на американските санкции против нејзината нафта, кои Вашингтон претходно ги укина со цел да го ублажи порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната на Блискиот Исток, пренесува Франс прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Беше предвидливо“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков како одговор на прашањето на Франс прес.

„Со години живееме под тежината на санкциите… Веќе научивме како да го минимизираме нивното влијание. Ќе продолжиме да го правиме тоа“, додаде тој.

Министерот за финансии на Соединетите Американски Држави Скот Бесент во средата објави дека САД нема да ја продолжат суспензијата на санкциите против руската нафта за танкери на море.

Санкциите, како оние наметнати врз иранската нафта, беа суспендирани во март за да им се овозможи на Русија и Иран да ја продаваат својата сирова нафта со надеж дека ќе се ублажи порастот на цените по избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток.

Вашингтон во вторникот објави дека ослободувањето поврзано со иранската нафта, исто така, нема да биде продолжено.

Целта на санкциите е да се намалат приходите на Русија од продажба на нафта, како и да се намалат приходите на Техеран за неговата наводна нуклеарна програма и финансирањето вооружени групи како Хезболах во Либан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ