четврток, 16 април 2026

Македонските ракометарки ја дознаа групата, ќе играат против најуспешната селекција на ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе настапи на уште едно Европско првенство.

Фото: Ракометна федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

На ждрепката која се одржа во полскиот град Катовице беа одредени групите за натпреварувањето. Македонија своите противнички ги очекуваше од четвртиот шешир, па јасно е дека доби квалитетна група и ќе игра против Норвешка, Романија и Швајцарија.

Ждрепка на групите за Европското првенство:

Група А: Унгарија, Црна Гора, Словенија, Исланд
Група Б: Норвешка, Романија, Швајцарија, Македонија
Група Ц: Данска, Шпанија, Турција, Грција
Група Д: Холандија, Чешка, Австрија, Хрватска
Група Е: Франција, Полска, Фарски Острови, Украина
Група Ф: Шведска, Германија, Словачка, Србија

Нашата група се игра во романскиот град Клуж.

Континенталниот собир ќе се одржи од 3 до 20 декември и тоа во пет земји, Полска, Турција, Романија, Чешка и Словачка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ