четврток, 16 април 2026

Осомничен 21-годишник од Неготино за снимање конвој на АРМ на полигонот Криволак

На 15 април во 13:40 часот во ОВР Неготино е извршен службен разговор со Д.К.(21) од Неготино поради основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво по член 350 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Тој е осомничен дека во армискиот полигон Криволак ги снимал и фотографирал возилата во конвој на АРМ и ги објавил јавно на платформа на социјална мрежа, со што ја нарушил безбедноста и тајноста на активностите кои ги реализира армијата. За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ