Настанот свечено го отвори директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, која истакна дека Љерка Тот Наумова преку својата поезија ги поврзува луѓето преку зборот, чувството и мислата.
„Преку ваквите настани и проекти продолжуваме активно да ја унапредуваме меѓусебната соработка и да ги промовираме културните вредности на двете земји“, истакна директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска.
На настанот се обрати и амбасадорот на Македонија во Хрватска, Драган Ѓурчевски, кој ја истакна улогата и мисијата на Македонскиот КИЦ во Загреб како значајна институција за унапредување на културната соработка, продлабочување на односите меѓу двете земји и взаемна промоција на културните вредности на Македонија и Хрватска.

Поддршката на промоцијата и од страна на Државниот средишен уред на Република Хрватска претставува уште една потврда за значењето на ваквите културни иницијативи.
Вечерта помина во извонредна атмосфера, со навистина импозантно присуство – преполна сала и многубројна публика која со голем интерес ја следеше промоцијата. На настанот присуствуваа и претставници на локалната и државната власт, што претставува дополнително признание за значењето на ваквите културни иницијативи.
Македонскиот културно-информативен центар во Загреб продолжува со својата мисија на афирмација на културните вредности и унапредување на културната соработка меѓу двете пријателски земји.






