среда, 15 април 2026

Маж почина работејќи на свињарска фарма

Шеесет и четиригодишен маж бил пронајден мртов на свињарска фарма во селото Амзабегово, во близина на Свети Николе, информираше полицијата. Според информациите од СВР Штип, случајот бил пријавен доцна синоќа, по што на местото пристигнале полициски екипи и лекар.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 22:57 часот во СВР Штип – ОВР Свети Николе е пријавено дека во свињарска фарма во село Амзабегово, светиниколско, бил пронајден починат вработениот К.П.(64) од Свети Николе“, информираа од полицијата.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Од СВР Штип соопштија дека надлежните институции продолжуваат со постапката и дека повеќе детали за случајот ќе има по завршување на официјалните анализи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ