Според информациите, патничко возило цитроен со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М. (40) од Кочани, удрило во седумгодишно дете.
Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Кочани.






