Од вкупно 13 кои возеле без возачка дозвола петмина се во Скопје, двајца во тетовско и по еден во Македонска Каменица, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар и Битола. Од седуммина под дејство на алкохол тројца се во Скопје и по еден во Свети Николе, Куманово, Тетово и Велес, а еден возач во Кичево возел и покрај тоа што имал забрана за управување возило.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.






