За дел од селекциите ова беа последни натпревари пред почеток на Мундијалот, а некои ќе имаат уште еден пријателски меч.
Бразил поведе против Египет уште во седмата минута со гол на Бруно Гимараеш, но само четири минути подоцна Зико го изедначи резултатот на 1-1.
Победата за Бразилците ја донесе Ендрик по седум минути игра во второто полувреме.
Аргентина со голови на Лаутаро во првото полувреме и Симеоне во вториот дел го совлада Хондурас со 2-0.
Англија со погодок на Хари Кејн во финишот од првиот дел го совлада Нов Зеланд со минимални 1-0.
Пријателски мечеви играа и два од следните противници на Македонија во Лигата на нации. Шкотска со 4-0 беше подобра од Боливија, а Швајцарија одигра 1-1 против Австралија.
Турција со 2-1 славеше над Венецуела, а Курасао со 4-0 беше подобар од Аруба.






