недела, 7 јуни 2026
Време

Сончево и топло, попладне локални врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дневни температури д 23 до 34 Целзиусови степени. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 26 до 33 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северeн правец. Попладне претежно во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ