петок, 17 април 2026

Тешко повредена 21-годишна девојка во сообраќајка кај Струмица

Во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во селото Дабиље, се случила сообраќајна несреќа.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата учествувале патничко возило бмв, управувано од Ј.Ѓ. (21) од село Пиперево и патничко возило цитроен, управувано од А.С. (25) од село Смолари, и двете со струмички регистарски ознаки.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ѓ., кои биле констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ