среда, 15 април 2026

Избран најшарен град во светот

Истражување на ирска компанија за патничко осигурување го прогласи Лисабон за најшарен град во светот. На анализираните фотографии од португалската престолнина беа откриени повеќе од 2,6 милиони бои.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Во време кога патувањата сè повеќе се евидентираат на социјалните медиуми, естетиката и визуелниот впечаток станаа важни фактори при изборот на дестинација за одмор, барем за оние кои уживаат во фотографијата и креирањето содржини.

Според истражувањето, повеќе од 2,6 милиони бои се идентификувани во визуелните прикажувања на Лисабон.

Португалската престолнина е позната по пастелните згради и декоративните плочки што ги покриваат историските населби како Алфама, како и по жолтите трамваи што возат низ нејзините тесни улички, објави Еуроњуз.

Куала Лумпур во Малезија, е на второ место, со впечатлив контраст на бои помеѓу модерните облакодери и традиционалните згради, вклучувајќи ги и украсните храмови и светилишта.

Градот Порто го зазема третото место, дополнително зацврстувајќи го присуството на Португалија на листата. Како и во Лисабон, теракотните покриви и препознатливите шарени куќи покрај реката Дуро придонесуваат за неговата уникатност. Улиците со калдрма и историските винарски визби им даваат на посетителите автентичен увид во португалскиот живот и боите на градот.

На четвртото место е пристанишниот град Картагена во Колумбија, познат по своите живи бои. Една од неговите знаменитости е жолтата кула со часовник на главниот влез во Стариот град.

Рио де Жанеиро во Бразил го зазема петто место меѓу шарените градови, со повеќе од 2,3 милиони уникатни бои идентификувани на фотографиите на неговите пејзажи и згради.

За оваа анализа беа користени репрезентативни дневни фотографии од секоја локација, без силни филтри. Потоа беше употребен алат за идентификација на бројот на бои присутни на сликите, со што беа издвоени најживописни дестинации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ